Совршена комбинација од скара на јаглен и рерна – во комфор на Вашата кујна
Со Pira® рерните на јаглен можете да печете и грилате секаков вид на храна – ориз, месо, риба или зеленчук. Користете ги како скара на јаглен за сочно и вкусно месо или како рерна за печење на зеленчук, компир или ориз. Приготвената храна има совршено автентичен и уникатен вкус на ќумур.
Овој тип на приготвување на храна е совршена комбинација на скара на јаглен и рерна, два уред во еден со најдобрите особини од секој.
Нашите Pira® рерни работат совршено со дрвен јаглен, но можете да додадете мали парчиња дрво со што ќе го издигнете вкусот на храната на друго ниво. Храната ќе биде вкусна, сочна, со полн вкус и интензивна арома.
Со Pira® рерните заштедувате до 40% на јаглен за разлика од традиционални скари, притоа добивате поефикасен приготвување на храна до 35% побрзо од обична отворена скара на јаглен.
Благодарејќи на ексклузивниот дизајн на решетките за печење како и патентираниот систем за согорување и конзервација на топлина – директен пламен скоро никогаш не се појавува со што храната е невозможно да загори.