Рерна на јаглен Pira® 80 LUX SD

Линијата Pira® LUX SD со „полна“ врата е за шефови со „стари“ навики или за ресторани каде кујната не е во директен видик на посетителите и не е неопходно да се гледа ќумурот како гори. Притоа полната врата има подобра изолација во предната зона на рерната со што е термичкото зрачење е намалено – особено важно во летни месеци и во мали кујни. Изработени во комбинација од инокс и лиено железо со врата на шарки со долно отворање.

  • Капацитет на месо: 75кг./час
  • Порции: 115/час
  • Димензии: 800x690x690mm
  • Тежина: 186kg.

SKU: 80 LUX SD Категорија

Контактирајте нè за цена

Нашиот искусен тим за продажба ќе Ви помогне да го изберете вистинскиот производ.

Понеделник - Петок: 09 до 17ч. / Fortis® Gastro Centar Куманово

Совршена комбинација од скара на јаглен и рерна – во комфор на Вашата кујна

Со Pira® рерните на јаглен можете да печете и грилате секаков вид на храна – ориз, месо, риба или зеленчук. Користете ги како скара на јаглен за сочно и вкусно месо или како рерна за печење на зеленчук, компир или ориз. Приготвената храна има совршено автентичен и уникатен вкус на ќумур.

Овој тип на приготвување на храна е совршена комбинација на скара на јаглен и рерна, два уред во еден со најдобрите особини од секој.

Нашите Pira® рерни работат совршено со дрвен јаглен, но можете да додадете мали парчиња дрво со што ќе го издигнете вкусот на храната на друго ниво. Храната ќе биде вкусна, сочна, со полн вкус и интензивна арома.

Со Pira® рерните заштедувате до 40% на јаглен за разлика од традиционални скари, притоа добивате поефикасен приготвување на храна до 35% побрзо од обична отворена скара на јаглен.

Благодарејќи на ексклузивниот дизајн на решетките за печење како и патентираниот систем за согорување и конзервација на топлина – директен пламен скоро никогаш не се појавува со што храната е невозможно да загори.

Тежина 186 кг
Димензии 80 × 69 × 69 cm
Бренд

Pira

Fortis® Премиум Гаранција

Обезбедена 12 месеци Fortis® премиум гаранција која вклучува оригинални резервни делови и работна рака.

Fortis® Сервис

Обезбеден професионален сервис и оригинални резервни делови минимум 5 години за секој уред по сериски број на уред, без разлика дали го имаме во моменталната понуда на производи или не.

Fortis® Поддршка

Ефикасна и бесплатна телефонска поддршка - ЗАСЕКОГАШ. Нашиот тим е секогаш спремен да одговори на Вашите прашања.

Имате подобра понуда за овој производ?

Не е проблем. Едноставно испратете ни ја понудата што ја имате добиено и нашиот тим ќе Ве контактира со подобра контра-понуда.

Услови
  • Производот во конкурентската понуда да биде од лагер со исти спецификации (тип, класа, големина, капацитет).
  • Производот да биде со исти комерцијални, гарантни и сервисни услови како нашите.
  • Производот да биде од компанија во Македонија.
  • Не се однесува на приватни продажби, користена опрема, опрема од огласи и други не стандардни канали за продажба.