
Како Steambox Evolution од Giorik создава поздрави и попродуктивни професионални кујни
Квалитетот на храната во рестораните не зависи само од добрата техника, рецептите и врвните состојки. Огромна улога има и атмосферата во кујната, местото каде готвачите поминуваат часови секој ден, често под висок притисок и во предизвикувачки услови.
Во професионалните кујни постојано се присутни пареа, високи температури, ограничен простор и брзо темпо на работа. Со тек на време овие фактори носат стрес, замор, пад на концентрација и на крај професионално прегорување. Кога готвачот не се чувстувва добро, страда и продуктивноста и креативноста и крајниот квалитет на храната.
Затоа Giorik како бренд со долгогодишно искуство препознава колку е важно професионалците во кујната да имаат повеќе алатки што ќе им го олеснат секојдневието. Steambox Evolution не е само уште еден конвектомат, тој е паметно кујнско решение создадено да ја подобри благосостојбата, ефикасноста и сигурноста на секој што работи со него.
Во продолжение ќе ви ги претставиме клучните иновации што го издвојуваат Steambox Evolution како нов стандард за модерните професионални кујни.
Тројно стаклена врата и Smart Fan Shut-Down: Помалку топлина, повеќе удобност.
Долготрајно изложување на силна топлина често води до умор и раздразливост. Steambox Evolution го решава овој проблем со тројно стаклена врата која значително го намалува пренесувањето на топлина кон работниот простор.
Дополнително технологијата Smart Fan Shut-Down автоматски ги запира вентилаторите во момент кога ќе се отвори вратата. Ова спречува силен бран на топлина или пареа која може да излезе и да дојде во судир со готвачот што прави ја прави кујната побезбедна и поудобна за работа.
Rack Control и Easy Service: Помалку координација, повеќе фокус
Во динамичните кујни готвачите често мораат да работат со повеќе јадење кои имаат различно време на подготовка. Токму тука Steambox Evolution блеска.
• Rack Control овозможува истовремено припремање на јадења на различни нивоа.
• Easy Service гарантира дека ситее јадења, иако различни ќе бидат спремни точно во исто време.
Резултатот е помал стрес, помал ризик од грешки и подобра организација во секоја подготовка.
Сакаш да научиш како да ги користиш овие две функции на твојот Steambox Evolution? Погледни го видеото.
Одложен старт (Delayed Start): Повеќе одмор, подобра енергија
Готвачите често пристигнуваат многу рано, само за да ја подготват опремата и да го започнат првиот циклус на готвење.
Со Delayed Start овој дел од денот конечно станува полесен.
Преку вграден календар уредот може однапред да се програмира за да стартува точно кога е потребно. Кога персоналнот ќе пристигне Steambox Evolution веќе работи.
Ова значи повеќе сон, подобар фокус и помалку утрински хаос.
Погледнете го видеото за да дознаете како да ја програмирате функцијата Delayed Start.
Функција “Омилени” (Favourites): Брз пристап до најважните програми
Во брзите кујни дури и најмал момент на невнимание може да доведе до погрешно поставување на параметрите. Затоа функцијата Favourites овозможува зачувување на најчесто користените програми и ги прави да се достапни само со еден клик.
Ова обезбедува помал ризик од грешки, побрза подготовка и ист квалитет на секој производ.
Во видеото подолу може да дознаете како да ги сочувате вашите омилени рецепти.
Smart Cooking: Интелигентна помош за совршени резултати
Персонализираното готвење значи постојано прилаготување на температура, влага и време. Со Smart Cooking многу од тие рачни прилагодувања стануваат автоматски.
Готвачот само избира метод на готвење, тип на намирница, посакуван краен резултат и уредот сам ја создава идеалната програма.
На овој начин Steambox Evolution го носи прецизното и интелигентно готвење до секој професионалец без разлика на искуството кое го има.
Погледни го видеото подолу за да дознаеш како функционира опцијата Smart Cooking.
Кога работната средина ќе се подобри се сè менува
Steambox Evolution не е само техничка опрема.
Тој е алатка што носи:
• подобра организација во кујна;
• побезбедна и покомфорна работна атмосфера;
• повисок квалитет на секое јадење;
• намален стрес и поголема продуктивност.
Кога готвачите се чувствуваат добро тогаш храната е подобра, а гостите посреќни. Затоа Steambox Evolution претставува вистинска инвестиција не само во опрема туку и во луѓето кои ја создаваат секоја порција.




















