Fortis® е бренд на нова високо квалитетна професионална опрема наменета за ресторани, пекари, слаткарници, HoReCa секторот како и помошна опрема за сите гранки на прехранбената индустрија.

Водени од сопственото долгогодишно искуство во прехрамебената индустрија, го создадовме брендот Fortis® кој директно ги рефлектира потребите на угостителски објекти и производствени погони од квалитетна опрема која е по пристапни цени, задоволувајќи ги најсовремените светски стандарди за квалитет и хигиена.

Зошто да се одлучите за Fortis®?

  • Максимална посветеност на клиенти
  • Бесплатно проектирање и советување
  • Квалитетна опрема по најдобри цени
  • Експресна испорака од лагер за 48-72 часа
  • Комплетна обука за персонал
  • Fortis® премиум гаранција
  • Сопствен експедитивен сервис и поддршка
  • Пост-продажна грижа и пристап до VIP услуги

Fortis® Gastro Centar

Fortis Gastro Centar

Нашата Визија

Да станеме најпознат регионален бренд за нова професионална опрема за ресторани, пекари, слаткарници и HoReCa. Да изградиме фер, партнерски и лојален однос со клиентите. Да бидеме бренд на кој нашите клиенти ќе можат да се потпрат во секое време.

Нашата Мисија

Да понудиме нова најквалитетна и најсовремена професионална опрема за ресторани, пекари, слаткарници и HoReCa секторот по најпристапни цени во регионот - со обезбедена гаранција и експедитивен сервис.
  • Квалитет

Професионална опрема произведена по најнови технологии и стандарди. Нашите производи се направени од квалитетни материјали и компоненти од познати брендови.

  • Цени

Загарантирано најдобри во Македонија! Почнете го Вашиот нов бизнис со значително помала инвестиција. Професионална опрема по неверојатни цени.

  • Сервис

Резервните делови и сервисирањето се од исклучителна важност, како би можеле да бидете сигурни дека нема да имате застој во работата. Нашиот експедитивен и квалитетен сервис Ви го гарантира тоа.

  • ХАСАП

Нашата опрема ги задоволува сите современи стандарди за квалитет, хигиена и контрола на критични точки при производство и обработка на храна.