- Испланирајте го Вашето мени
Една од најголемите грешки при купување на нова опрема за угостителство е трошењето време и пари за купување уреди кои воопшто не ви се потребни.
За да го избегнете ова, пред да направите список на опрема за купување, испланирајте го менито. На овој начин на самиот почеток ќе знаете во каква опрема да инвестирате за вашиот ресторан и што е поважно кои уреди не Ви требаат.
- Испланирајте го својот буџет и држете се до него
Не е тајна дека инвестирањето во опрема за угостителство не е евтино. Кога планирате да ја опремите вашата кујна, многу е важно да креирате сопствен буџет – и да се држите до него!
Клучот е да се најде средина помеѓу квалитетот и она што можете да си го дозволите. Секако, секогаш би се одлучиле за поквалитетни уреди: квалитетот на подготвената храна е подобар, тие ќе работат многу поефикасно, ќе траат подолго и имаат подобра сервисна поддршка. Но, ако не можете да си ги дозволите сите уреди со врвен квалитет, одлучете кои уреди се вашите примарни и направете ги приоритетни во вашиот буџет.
- Направете проект
Иако изгледаат како незначителна карактеристика, при опремување на професионална кујна, димензиите играат многу важна улога.
Со професионално направен проект, ќе го извлечете максимумот од вашата кујна: ефикасно искористениот простор им овозможува на работниците да ги завршат нарачаните јадења во најкус можен рок. Исто така, важно е да се земе предвид физичкото воведување и инсталирање на опремата, како и сите потребни електрични и водоводни приклучоци. Тимот за проектирање на Fortis® нуди комплетна бесплатна услуга на проектирање на кујна како и микролокација за своите клиенти.
- Вентилација
Друг важен фактор при дизајнирање и опремување на професионална кујна е вентилацијата.
Поради големиот број уреди што испуштаат топлина, храна што дими и вода што испарува, треба да се има на ум поставување на систем за вентилација во кујната. Голем број добавувачи не прифаќаат поставување на одредена опрема доколку нема вентилација во кујната. Ако вашите уреди користат ТНГ или природен гас, вентилацијата е задолжителна. Fortis® нуди голем избор на вентилациски хауби со различни димензии.
- Енергетска ефикасност
Работните трошоци на кујната често се најважните и најголемите ставки на месечниот или годишниот биланс на ресторанот.
Можете да ја намалите потрошувачката на основните ресурси како што се струја, гас или вода кога го купувате самиот уред. Со избирање на поквалитетни и подолготрајни уреди, ги намалувате трошоците кои подоцна се создаваат кога нивната енергетска ефикасност е намалена. Исто така, не плашете се да изберете уреди од понова генерација со модернизирани и автоматизирани системи кои им даваат на готвачите повеќе опции и процеси за оптимизирање на енергијата.
- Информирајте се за гаранција и сервисна поддршка
Кога купувате нова опрема за угостителство, не дозволувајте цената, модерниот изглед или звучното име да ве заслепат. Дознајте малку повеќе. Конкретно, дознајте за гаранцијата, корисничката и техничката поддршка.
Која е гаранцијата за уредот? Колку е далеку најблискиот овластен сервис? Колку е брз одговорот на сервисот, колкава е нивната залиха на делови, колку долго вашиот уред ќе чека за поправка и ќе изгуби пари? Често се случува добавувачите да немаат сопствен сервис, како и основна залиха на делови, па во тој случај треба да чекате повеќе од две-три недели за решение на вашиот проблем со уредот. Потрудете се да ги вклучите должината и условите на гаранцијата, како и постоењето на соодветен сервисен центар во непосредна близина, во одлучувачките аргументи за купување на уредот.
- Создадете пријателски односи со добавувачите на професионална опрема за угостителство.
Кога ќе одлучите да направите поголема инвестиција, добро е да се свртите кон експерти во таа област. Тие можат да ви помогнат да го изберете најдобриот производ за вас и да ве уверат дека инвестицијата е сигурна.
Едноставно развијте пријателски и взаемно задоволувачки деловни односи со добавувачите на опрема за угостителство. Пријателски и фер однос е единствениот начин за успешно работење. Тимот на Fortis® е просвете на градење долгорочна соработка со своите клиенти.