Едукација

Sous Vide техника на приготвување

Најмодерна техника на приготвување и менаџирање на храна

Дали некогаш сте се запрашале како врвните готвачи секогаш подготвуваат совршено зготвен стек, како добиваат совршено розе парче месо или го подготвуваат најсочното пилешко, зеленчук со целосен вкус и совршена риба? Што прават, користат ли некој трик? Покрај тоа што се професионалци во својата работа, секако постои некој трик кој им помага јадењата што ги подготвуваат да бидат секогаш врвни. Милион прашања…

Тајната за фантастични резултати е многу едноставна, моќна техника наречена Sous Vide (су-вид).

Што претставува Sous Vide?

При готвењето и приготвувањето на храната секогаш се јавува еден проблем, а тоа е термичка обработка и температура. Кога температурата е ниска, постои ризик од бактерии и труење, а кога е превисока парче месо може да биде нејадливо, тврдо, препечено и суво. Затоа методот Sous Vide овозможува безбедно приготвување на храната на ниска температура, со што се зачувуваат вкусот, бојата и текстурата на храната.

Зошто Sous Vide?

На фотографијата подолу се прикажани два бифтека чии првични тежини биле исти. Бифтекот од десната страна се подготвуваше во на грил  по традиционален начин, додека од левата страна по методот Sous Vide и потоа само кратко (2-3 мин.) на грил. Дали ја забележувате разликата?

Sous Vide разлика

Самото готвење на ниска температура придонесуваат кон омекнување на храната, готвење во сопствените сокови и многу занемарлива загува во тежина (калирање). Најважно од сè, не можете да погрешите. Ако сакате medium-rare бифтек, ќе го добиете токму тоа.

Овој тип на готвење се смета за најздрав, највкусен и најнапреден метод во професионалното угостителство. Готвената вакумирана храна, поделена на порции може да се чува подолго во фрижидер, што е особено важно за ала-карт ресторани и драстично намалување на трошоци.

Предности на Sous Vide техника

  • Зголемен квалитет и вкус на храна
  • Олеснување на организација на мени
  • Заштеда поради намалено калирање на храна
  • Заштеда поради елиминирање на расипување на намирници

Потребна опрема Sous Vide техника

Намената на Sous Vide е да се готви рамномерно, осигурувајќи дека внатрешноста е правилно зготвена. Суштината на подготовката на храната со помош на овој уред е вакумско запечатување, кое потоа се готви на ниски и контролирани температури. За таа намена, покрај Sous Vide машина – непоходна е и професионална машина за вакумирање. Исто така, препорачано е и користење на шок комора со што драстично би се продолжил рокот на трање на храната која е приготвена во Sous Vide.

Тимот на Fortis® нуди комплетна опрема, советување и обука за воведување на Sous Vide систем на работа за професионални кујни.