Едукација

Предности на локалниот сервис

Сервисот е многу едноставен и ефикасен вид заштита на Вашата инвестиција во форма на професионална опрема за кујна. Сепак, не сите сервисни одделенија работат на ист начин. Иако искусните, професионални услуги со добра репутација се неопходни, сопствениците и менаџерите на рестораните честопати потценуваат еден многу важен фактор – брзината. Најдобар начин да обезбедите брза и ефикасна услуга е да се јавите на некој од нашите телефони за сервис. Подолу се наведени четири аргументи зошто локалните сервиси се едноставно најдоброто и наједноставното решение кога станува збор за техничка поддршка во Вашата кујна.

  1. Лесно достапен и брз одговор во итни случаи
    Кога шпоретот, машината за миење садови, конвектоматот или некој друг важен уред едноставно ќе престане да работи среде прослава со преполна сала од 300-400 гости, или кога машината за миење чаши ќе ви се расипе среде саботната забава, веднаш контактирајте некој од нашите сервисери. Разлика ќе ја согледате во континуираниот тек на Вашата работа.
  2. Чести периодични посети и контроли на уредот
    Сервисерите на професионалната опрема не се одговорни само за решавање проблеми и поправка на машини, тие исто така вршат редовни проверки со цел да ја одржат продуктивноста во вашата кујна, притоа значително да ги намалат трошоците за одржување. Со  добрата работна организација, сервисерите го минимизираат времето што го губите чекајќи да се реши Вашиот проблем.
  3. Помали трошоци за оддржување
    Повеќето сервисни центри ја наплаќаат својата работа во работно време, како и патните трошоци, па ќе Ви биде мило да ја видите заштедата преку соработка со нас, сервисерите доколку редовно Ве посетуваат, секогаш ќе ви излезат во пресрет и ќе го решат проблемот без да наплаќаат услуги како патни трошоци.
  4. Повеќе разбирање за Вас и Вашите потреби
    Со долгогодишното работно искуство сервисерите добро ги разбираат Вашите потреби – брз и експедитивен сервис, резервни делови во секое време, правилно рангирање на приоритетните интервенции итн.