Нашите комби печки моментално ја телепортираат Вашата кујна во иднина.

Гответе сè што ќе посакате

Пригответе секаков тип на свежи готвени јадења, паста или традиционални специјалитети. Динстајте или печете сè - од црвено месо до пилешко, риба и морски плодови. Свеж или смрзнат зеленчук на пареа или печен како на грил плотна. Деликатни десерти или свежи вкусни слатки и солени пецива. Автоматско снимање на рецепти во било која фаза на готвење ќе Ви овозможи прецизно да приготвите секаков вид на свежи јадења со постојан квалитет. Функција на регенерација ќе Ви овозможи да регенерирате веќе приготвена изладена храна - со врвен квалитет.

Печете сè што ќе посакате

Печете секаков тип на свежи пецива, лиснато тесто или квасни лебови и колачи. Свежи кроасани или најразлични видови слатки, торти и колачи. Пекарските комби печки се незаменлив партнер на секоја модерна пекара или слаткарница која не прави компромис во квалитетот на своите производи. Од едноставни и моќни мануелни печки со помал капацитет - до големи капацитети и комплетна автоматизација на печење и приготвување - нашите комби печки ќе ги задоволат потребите и на најпробирливите мајстори.

Made in Italy

SteamBox SETE101W

SteamBox Evolution

SteamBox Evolution

SteamBox™ Evolution е најмодерна и најмоќна печка достапна на пазарот. Наменета за ресторани, гастро-барови, пекари и слаткарници кои не прават компромис во квалитетот на опремата и секако квалитетот на храната која ја служат. Опремена со неколку патентирани технологии кои осигуруваат квалитетна и прецизна контрола на количина и квалитет на пареа која се генерира - со што се овозможува врвно приготвување на деликатеси кои ќе биде реплицирано конзистентно од ден во ден. Како стандардна опција е вклучен ефикасен Eco систем за самомиење од затворен тип, кој оптимизира неколку параметри при процесот со што заштедува до 30% во однос на конкурентски системи. Со помош на 7/9" екран на допир оваа комби печка ќе Ви овозможи на интуитивен начин да приготвувате à la carte оброци како и огромни количини храна за кетерин - економично и со врвен квалитет!

Модел Пареа Капацитет Моќност Напон Температура Димензии Тежина
SERE061W direct 6 x GN1/1 10.4kW AC 400V 3N 50 - 300 °C 860x795x835mm 132kg.
SERE101W direct 10 x GN1/1 15.7kW AC 400V 3N 50 - 300 °C 860x795x1115mm 168kg.
SERE201W direct 20 x GN1/1 30.8kW AC 400V 3N 50 - 300 °C 995x835x1850mm 290kg.
SEHE061W boiler 6 x GN1/1 11.4kW AC 400V 3N 50 - 300 °C 860x795x835mm 132kg.
SEHE101W boiler 10 x GN1/1 16.7kW AC 400V 3N 50 - 300 °C 860x795x1115mm 168kg.
SEHE201W boiler 20 x GN1/1 33.3kW AC 400V 3N 50 - 300 °C 995x835x1850mm 290kg.

Технологии

EasyService™
RecipeTuner™
OneTouch™
MeteoSystem™
SteamTunder™
EKF 411 UD

MovAir

Вашта совршена „smart“ комби печка - по пристапна цена. Интуитивна контрола со помош на 7" екран на допир и кружен контролер овозможува брза и ефикасна комнада на безброј опции која оваа комби печка ги нуди. Гответе со помош на пареа, конвекција, комбинирано, одржување, регенерација како и димење. Нашата понуда на MovAir вклучува специјално дизајнирани турбини и екстра моќни Incoloy® 800 грејачи (40% пoголема моќност од конкуренти) кои овозможуваат континуирана приготовка на голема количина на храна со врвен квалитет. Сите модели стандардно се опремени со бивалентна подршка за GN1/1 и ЕN600x400mm стандард на тави и систем за самомиење. Единствена на пазарот - MovAir се вклопува во секаква организација на кујна со опција на контролен панел од лева или десна страна.

Модел Капацитет Моќност Напон Температура Димензии Тежина
MTE5XW 5 x GN1/1-EN600x400 7.7kW AC 400V 3N 50 - 300 °C 907x752x657mm 75kg.
MTE7XW 7 x GN1/1-EN600x400 12.6kW AC 400V 3N 50 - 300 °C 907x752x823mm 105kg.
MTE10XW 10 x GN1/1-EN600x400 17.4kW AC 400V 3N 50 - 300 °C 907x752x1023mm 112kg.

Технологии

EasyService™
RecipeTuner™
OneTouch™
EKF 411 UD

MiniTouch

Компактна „smart“ комби печка со сите функции - за кујни каде што просторот е предизвик. Со ширина од само 519mm, ова комби печка од висока класа ќе Ви овозможи да приготвувате секаков вид на храна, да заштедите простор и да намалите на обем на опрема. Интуитивна контрола со помош на 5" екран на допир и кружен контролер овозможува брза и ефикасна комнада на безброј опции која оваа печка ги нуди. Гответе со помош на пареа, конвекција, комбинирано, одржување, регенерација како и димење. Во нашата понуда на МiniTouch сите модели стандардно се опремени со систем за самомиење, како и неколку патентирани технологии за економичност и ефикасност во готвење.

Модел Капацитет Моќност Напон Температура Тежина Димензии
KM061W 6 x GN1/1 6.9kW AC 400V 3N 50 - 300 °C 519x806x770mm 92kg.
KM101W 10 x GN1/1 13.8kW AC 400V 3N 50 - 300 °C 519x806x1010mm 110kg.

Технологии

EasyService™
RecipeTuner™
OneTouch™

Факти

Најмодерна технологија на печење и готвење!

Највисокa енергетска ефикасност!

Обезбедена премиум гаранција!

Експедитивен сервис и резервни делови!


Информирајте сè сега!

Нашиот тим за продажба со задоволство ќе Ви помогне во правилен избор според Вашите потреби!

072 262 662     072 262 672     031 453 905    

Контактирајте нè веднаш за повеќе информации →

Made in Italy