Што е евапоративно ладење?

Ефектот на евапоративно ладење Вие го чувствувате преку лето додека седите покрај река, езеро, море или покрај градска фонтана.

Евапоративно ладење користи вода, која е најефтин енергенс и многу малку електрична енергија за покренување на водна пумпа и голем вентилатор, притоа ладејќи простор со запремнина од неколку илјади кубни метри.

Енергијата на топлиот надворешен воздух преку лето се користи за загревање на водата сместена во специјални комори, кои со помош на моќни вентилатори се сушат-испаруваат и произведуваат ладен воздух.

Овој методот на ладење е познат повеќе илјадници години и бил користен од древните Египќани кои ги отворале прозорците и закачувале мокри ткаенини.

Кои се предностите на евапоративно ладење?

Заштеда со зголемена енергетска ефикасност - Со евапоративно ладење може да заштедите до 70% на Вашата сметка за ладење за разлика од конвенционално ладење со клима уреди на фреон.

Подобрување на квалитетот на воздухот - На секои неколку минути воздухот во целата просторија се заменува при што се филтрира и се отстрануваат димот од цигари и други непријатни мириси.

Подобрување на здравјето - Произведуваат оптимален степен на температура и влажност на воздух со што го олеснуваат дишењето. Не ослободуваат аеросол и ја елиминираат опасноста од легионарска болест.

Заштита на животната средина - Евапоративните кулери се апсолутно еколошки безбедни, нештетни за здравјето на луѓето, животните и планетата.

Fortis® Гасна етажна печка

Зошто кулери на Fortis®?

Евапоративните кулери Fortis® се идеално решение за ефикасно разладување на големи отворени и затворени простории - летни градини на ресторани и кафулиња, шатори за свадби, големи ресторани, индустриски хали, спортски сали итн..

Ги намалуваат трошоците за ладење на големи простории, го зголемуваат квалитетот на воздухот со што создаваат пријатна клима и се еколошки безбедни за здравјето на луѓето.

 

Модел Капацитет Моќност Тежина Димензии Лагер
EKM76L 6800 m³/h 230W 37kg. 860x500x1380mm
EKM99L 8000 m³/h 525W 51kg. 860x500x1640mm
EKM18KL 18000 m³/h 1100W 95kg. 1220x1100x1250mm

Контактирајте нè веднаш за повеќе информации →


Факти

Заштеда на електрична енергија потрошена за ладење до 70%.

Високо ефикасно ладење на простор. Намалување од 7°C до 15 °C.

Оптимален однос на температура и влага. Без фреон и штетни гасови.

Безбедни и нештетни за луѓето, животните и планетата.


Нашиот тим го чека Вашиот повик...

Контактирајте го нашиот тим за продажба и добијте бесплатна консултација кој кулер најмногу одговара за Вашиот локал.

072 262 662     072 262 672     031 453 905    

Контактирајте нè веднаш за повеќе информации →