Проектирање
Професионалната кујна е простор за призводство и поддршка на ресторанот!
Адекватен дизајн, организација, оптимизација и опремување на професионална кујна е најважен процес при отворање на угостителски објект. Kујната е централна зона на еден угостителски објект. Како таква, просторно и трошковно претставува најголема зона и вработува најголем број луѓе.
Истата ги вклучува сите простории на објектот каде што намирниците се складираат, припремаат, чуваат и сервираат како и просториите за дополнителни функции - достава, миење садови, техничка инсталација итн.
Професионалните кујни просечно заземаат од 30 до 50% од вкупната површина на угостителскиот објект. Во последно време овој процент има тенденција да се намали со помош на изместување на одредени активности надвор од кујната, подобра организација и оптимизација како и набавка на модерна и високо ефикасна опрема.
Тимот на Fortis® Ви нуди комплетна консултација и поддршка во целиот процес. Од идеја и желба - до реализација, пуштање во употреба, обука и поддршка. Нашиот тим преку детална анализа на Вашите потреби и идеи ќе Ви понуди комплетно решение за професионална кујна која работи по највисоки светски стандарди за квалитет, ефикасност, хигиена и безбедност.

Нашиот процес
Анализа на потреби и можности на клиентот.
Изработка на процес диаграми и 2D проектирање.
Изработка на микро локација - вода, струја, ТНГ.
Изработка и презентација на понуда.
Tимот за проектирање на Fortis® е во тек со сите најмодерните трендови за дизајн и опремување на професионални кујни. Сите чекори во процесот на проектирање се во склад со највисоки стандарди за квалитет, безбедност, HACCP стандарди како и важечки санитарни и минимално технички услови.
Потребна Ви е професионална кујна?
Закажете состанок со нашиот професионален тим за продажба и добијте ја кујната која Вашиот ресторан ја заслужува.
072 262 662 072 262 672 031 453 905